Откако Ким Кардашијан раскина со Дејвидсон, се огласи Канје: Жив го закопа Пит

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку дена откако Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон раскинаа по девет месеци врска, Канје Вест реагираше на својот Инстаграм профил.

Имено, тој ја објави веста дека Скит, односно Пит „починал на 28 години“.

Ова е моментално единствената објава на неговиот Инстаграм, а „веста“ за смртта на Пит Дејвидсон, раперот ја стави на насловната страница на „Њујорк тајмс“.

Ова не е прв пат Канје јавно да го нападне познатиот комичар. Во март оваа година го објави спотот за песната „Eazy“ во кој настапува раперот Та Гејм. На снимката објавена на Инстаграм на Вест, глинениот клон на Пит Дејвидсон беше киднапиран, врзан, жив закопан и запален.

Ким поднесе барање за развод од Канје минатата година, а „The Sun“ неодамна напиша дека раперот сепак сака да ја убеди да се откаже.

Слични содржини