Откако Круз им се развика на вработените, пет лица дале отказ

од Stefanija Kuzmanovska

Пет лица престанаа да работат на „Невозможна мисија 7“, откако Том Круз во еден разговор се закани дека ќе даде откази доколку се повтори непочитувањето на сите мерки и регулативи против коронавирусот.

Актерот бесно пцуеше и викаше на телефон, додека некој тајно го снимил и очигледно го доставил аудио-записот од разговорот до таблоидот The Sun.

„Првиот испад беше голем, но работите не се смирија. Напнатоста се развиваше со месеци и ова беше последната капка. Откако тоа стана јавно, лутината на луѓето се зголеми и неколкумина од нив ја напуштија работата на проектот“, изјави извор за медиумите.

„Том едноставно не може да поднесе одредени работи, по сите тешкотии низ кои поминаа со цел воопшто да продолжи да работи на„ Невозможна мисија 7“. Тој е вознемирен, бидејќи другите не го сфаќаат тоа сериозно како тој“, истакна изворот.

Слични содржини