Откако му беше дијагностицирана афазија, сопругата на Вилис објави емотивно ВИДЕО

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Брус Вилис пред неколку месеци сподели со јавноста дека боледува од афазија – поради што се повлекува од светот на глумата.

Тоа е јазично нарушување предизвикано од оштетување на одредена област на мозокот што влијае на способноста за комуникација, како и на многу други когнитивни способности.

Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис денеска на Инстаграм објави емотивно видео од актерот и неговата мала ќерка.

Иако видеото е исполнето со среќни кадри од нивниот живот, фановите ги остава со горчлив вкус во устата.

Видеото е преполно со кадри од нив тројца како уживаат во летните денови во шума. Актерот е целосно посветен на семејството.

Слични содржини