Грчката амбасадорка Софија Филипиду ја напушти пленарната сала за време на седницата на Собранието за време на инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на државата.
Заминувањето е во знак на протест поради тоа што Силјановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија туку користеше Македонија, според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
📍 Грчката амбасадорка Филипиду 🇬🇷 демонстративно ја напушти собраниската ложа, заради употребата на терминот Македонија при положувањето на заклетвата од новата Претседателката Силјаноска Давкова @gogamkd 🇲🇰 pic.twitter.com/iRlNqYbWCh
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) May 12, 2024
Силјановска-Давкова во изборната програма и во предизборните настапи наведуваше дека при обраќањата и именувањето на државата, нема да ја користи придавката „северна“.