Отказ во НБА, Минесота го отпушти тренерот

од Stefanija Kuzmanovska

Минесота го отпушти тренерот Рајан Саундерс, откако Тимбервулвс го забележаа осмиот пораз во последните девет натпревари.

34-годишниот тренер беше на клупата на „волците“ последните три сезони. Според американските медиуми, претседателот на кошаркарските операции на клубот, Герсон Росас, му ја соопштил одлуката за отказ веднаш по поразот од Њујорк во неделата.

Синот на долгогодишниот тренер на Минесота, Флип Саундерс забележа 43 победи и 94 порази.

Минесота во моментов е најлошиот тим во НБА лигата, бидејќи забележа само седум триумфи со 24 неуспеси.

Како што објави ЕСПН, негов наследник на клупата на Минесота ќе биде помошник тренерот на Торонто, Крис Финч.

Слични содржини