ОТКАЗ ЗА НОВИНАРКА: Лажела дека им помагала на жртви во поплавен град (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Новинарка од германската телевизија РТЛ добила отказ откако било откриено дека лаже дека им помагала на жртвите во поплавениот град.

Сузана Охлен (39) се извалка со кал пред да се приклучи на програмата, по што навела дека помогнала во чистење на Бад Мунстерајфел, град кој беше сериозно оштетен во поплавите што однесоа најмалку 128 животи во Германија.

„Чистење по поплавата: Новинарка на РТЛ помага во расчистувањето на Бад Мунстерајфел“, е насловот на извештајот, кој беше емитуван на телевизија.

Наскоро се појави и друго, инкриминирачко видео.

Според „Дејли меил“, еден од минувачите ја снимил, облечена во сина кошула, со капа и чизми, како зема кал и се мачкала по облеката, додека околу неа се наоѓаат урнатини од згради.

Потоа, размачкала кал и на лицето. Видеото е објавено на социјалните мрежи, каде предизвика големо внимание.

РТЛ објави дека водителката ги прекршила сите новинарски принципи и стандарди и дека поради тоа добила отказ, кој стапил на сила веднаш.

Слични содржини