Откажан протестот на струмичките угостители против новите мерки

од Берта Китинска

Протестот кој за денес претпладне беше закажан за денес од страна на струмичките угостители беше откажан пред неговиот почеток и не се одржа.

Телевизија Вис од телефонските разговори со угостителите заклучиле дека еден по еден тие почнале да се откажуваат од намерата да ги затворат локалите и да излезат на протест.

Засега нема нови најави дека протестот можеби ќе се одложи и дека фела ќе излезе друг ден на протест или ќе ги затворат локалите во знак на незадоволство од веќе донесените владини мерки.

Слични содржини