Откази за 12,000 луѓе: „Боинг“ во криза, продолжува да го намалува бројот на вработените ширум светот

од Vladimir Zorba

Американската компанија „Боинг“ има намера да отпушти околу 12.000 работници во Соединетите држави во наредните недели, јави Би-Би-Си.

Компанијата објави дека ќе информира за отпуштање на 6.670 вработени оваа недела, како и дека 5.520 од нив се согласиле на спогодбено раскинување на договорот.

Според Би-Би-Си, американската компанија објави дека ќе го намали бројот на вработени во сите свои производствени погони во светот за околу 10 проценти, односно дека ќе бидат отпуштени скоро 16.000 работници.

Компанијата е во криза по две фатални несреќи на боинг 737 Макс.

Извршниот директор на „Боинг“, Дејв Калоу изјави дека би сакал да има друг излез од оваа неповолна деловна состојба.

Слични содржини