Откриен бразилскиот вид на корона во Аргентина

од Nikola Popovski

Јужноамериканскиот вид на коронавирус е откриен во Аргентина, објави министерот за здравство на таа земја, Гинис Гонзалес Гарсија.

Станува збор за варијантите „Амазон П1“ и „Рио де Жанеиро П2“, изјави Гарсија.

Тој додаде дека двата соја се пронајдени кај патници кои дошле од Бразил.

Аргентинскиот министер објави дека новиот вид е откриен од аргентинското Министерство за здравство, Институтот за здравство и Националната лабораториска администрација.

Како што рече, тоа ја покажува важноста од воведување на активни истражувања за геномот на вирусот.

Слични содржини