Откриен идентитетот на руската медицинска сестра во бикини која стана светска сензација (фото)

од Nikola Popovski

Откриен е идентитетот на медицинската сестра која се појавила на работа во проѕирен заштитен костум под кој се гледа бикини. Сепак, таа нема да биде казнета за несоодветното облекување.

Медицинската сестра од Тула, чии фотографии го обиколија светот преку социјалните мрежи, е Надежда Чукова, пишува „Комсомољска правда“.

Иако против неа е покрената дисциплинска постапка, таа нема да биде казнета, објави „Вести Тула“.

Според наводите, таа била поддржана од гувернерот на регионот Тула, Алексеј Дамини, но и од лекари, бизнисмени и граѓани.

Ана Савичева, главен доктор на регионалната клиника во Тула каде што работи медицинската сестра, вели дека Наџа, како што ја нарекуваат нејзините колеги, ќе продолжи да работи.

„Таа е добар работник, таа е професионална и обезбедува медицинска нега на високо ниво. Кога се појавија нејзините фотографии, таа беше поддржан од гувернерот, кој им се заблагодари на неа и на сите медицински работници за нивната работа. И тоа е нашата позиција – здравствените работници заслужуваат пофалби, а не критики за нивниот изглед “, рече Савичева и додала:

„Можете да замислите како тоа влијае на телото на една млада девојка, затоа што честопати и на мажите им е тешко да го носат заштитниот костум“, изјавила лекарката.

Слични содржини