Откриен изворот на смртоносниот кинески вирус?

од Nikola Popovski

Двата видови змии, крајт и кобра, може да бидат изворот на новооткриениот коронавирус, кој досега во Кина инфицираше скоро 600 луѓе и уби 17 , пренесува Си-Ен-Ен.

Крајт е позната како исклучително опасна и еластична змија што може да се најде во голем дел од Централна и Јужна Кина.

Смртоносниот вирус, прв пат пријавен кон крајот на декември во кинескиот град Вухан, се шири брзо. Оттогаш, заразените патници од Вухан го шират вирусот низ Кина, како и други земји, вклучително и САД.

Користејќи примероци од вируси изолирани од пациенти, кинески научници го утврдиле генетскиот код за вирусот и откриле дека станува збор за ново соединение на коранавирус, близу до вирусот САРС, во кој загинаа скоро 800 луѓе во 2003 година.

Експертите веруваат дека заразата настанала од рибниот пазар во Вухан, на кој, како што е праксата во Кина,  се бираат живи животни кои се заклани пред купувачот. Сепак, покрај рибите и домашните животни, на ваквите пазари се наоѓаат и бројни диви животни, вклучително и змии и волци.

Слични содржини