Откриен начин за живот по смртта?!

од desk2

Прашањето на живот по смртта отсекогаш било актуелно. Што точно се случува кога човекот ќе умре? Ќе продлжи ли да живее во некој друг облик?

Токму тоа прашање си го поставил себеси еден Романец, на кој му починал близок пријател.

Од таа трагедија се изродила идеја за „виртуелна бесмртност“, поточно креирање аватар на човекот по неговата смрт.

Првиот чекор е направен кога ја направиле апликацијата Eternime која во текот на животот на корисникот ќе собира информации за него преку користењето на паметниот телефон, но и низ chatbot.

Идејата е да се искористат собраните податоци за по смртта на корисникот да може да се створи аватар кој во позадина ќе го има chatbot, а на тој начин неговото семејство, пријателите и другите ќе можат да „продолжат“ да разговараат со него и по неговата смрт.

„Собираме податоци за геолокација, движење, активнсти, податоци за здравјето, фотографии и пораки кои корисникот ги собира во апликацијата“, вели креаторот на Eternimea, Мариус Урсаче.

Со оглед на големата количина лични податоци кои ги собира, Урсаче вели дека никогаш нема да стави реклами на апликацијата, но во план му е да понуди верзија за корисниците кои сакаат дополнитени услуги.

Иако до сега тестирањето на апликацијата Eternime се пријавиле 40.000 луѓе, само 40 од нив добиле шанса да ја испробаат апликацијата. За нив таа е како дигитален дневник во кој ги опишуваат секојдневните слуќувања, сеќавања и чувства – кои инаку буи ги заборавиле.

Она што Урсаче сака да го направи, веќе го направи Еугенија Куида. Таа по смртта на својот пријател Роман од 10.000 негови текстуални пораки креирама chatbot кој давал привид дека се допишува со Роман.

Во заднината на нејзината апликација Replika, се наоѓа вештачка интелигенција која учи низ разговор со корисниците. Веќе има повеќе од 200.000 корисници, а собрала и 11 милиони долари инвестиции.

Но, на страна безбедносните и стички прашања, она што ги загрижува креаторите на таквите апликации и нивните корисници е прашањето во која доба од животот сакаат да бидат „дигитализирани“?

Дали сакаат засекогаш да бидат млади или на постари години да ги соберат своите сеќавања?

Освен тоа, како да се „цензурираат“ одредени делови од животот за некои членови на семејството? Затоа што некои сеќавања кои ги делиме со пријателите не мора да ги поделиме со партнерот или родителите.

Токму со етичкото прашање и техничките на „дигиталниот живот по смртта“ се позанимавале Карл Ахман и Лучијано Флоридиу во својата научна работа.

Тие велат дека со таквиот „живот“ ќе мора да се позанимава и регулатроно тело кое би одредило кој и под какви услови ќе може така да ги одржува во „живот“ оние кои ќе се одлучат на таков живот по смртта.

Слични содржини