Откриен најчесто користениот збор за 2019 година

Со засилувањето на проестите за климатските промени ширум светот Collins Dictionary го прогласи, по свој избор, зборот „климатски протести“ за најупотребуван во 2019 година, посочувајќи дека употребата на тој термин е двојно зголемена во однос на предходните години.

Компанијата со седиште во Глазгов анализира веб-страници, весници, списанија и социјални медиуми со цел да види кој англиски збор забележал најголем скок во употребувањето.

Терминот, најчесто поврзан со глобалното движење за климатски промени на младите, предводено од 16-годишната Грета Тунберг, ги опишува студентските протести во кои учествуваат деца кои тој ден не одат на училиште, а возрасните не одат на работа за да поттикнат побрза акција против климатските закани.

Младите активисти рекле дека изборот на зборот на годината е показател дека нивните напори, за да се подигне свеста за глобалните климатски ризици, работат.

Терминот „климатски протест“ првпат се појавил во еден документ во 2015 година како опис на масовните протести кои се совпаднаа со Конференцијата на ООН за Парискиот договор за климата.

Минатата година, победникот беше придавка што означува едократна употреба.

Слични содржини