Откриен нов сој на корона во Франција?

од Nikola Popovski

На југот на Франција 12 лица се заразени со засега непознат сој на коронавирусот, јавуваат локалните медиуми во Марсеј.

Се вели дека нултиот пациент е повратник од Камерун и затоа експертите претпоставуваат дека потенцијалниот, нов сој би можел да потекнува од оваа централноафриканска земја. Новиот сој е откриен од експерти од Универзитетската болница во Марсеј, а привремено го добил името B.1.640.2.

Во прелиминарната студија, експерти од француската влада идентификуваа 46 мутации во сојот и изјавија дека новиот сој би можел да биде позаразен од оригиналниот, јави Танјуг.

Слични содржини