ОТКРИЕН НОВ ВИД ВО БЕЛГИЈА: Бројот на заразени постојано се зголемува

од Stefanija Kuzmanovska

Белгиски научници изолирале мутација на вирусот Ковид-19, која никогаш порано не била забележана, а која во моментов претставува околу 4 отсто од инфекциите во земјата.

Видот Б.1.214 за прв пат беше откриен во јануари годинава, тој во моментов не е класифициран како „загрижувачка варијанта“, а истражувачите се скоро сигурни дека не станува збор за „белгиски вид“, туку сметаат дека потекнува од субсахарска Африка.

Бројот на лица заразени со Ковид-19 во Белгија постојано се зголемува, така што просечниот број на дневни инфекции оваа недела се зголеми за повеќе од 40 отсто во споредба со претходната недела.

Помеѓу 12 и 18 март, во просек имало по 3.867 нови инфекции на ден, што е раст од 42 отсто во споредба со претходната недела.

„Зголемувањето на стапката на инфекција и хоспитализацијата во Белгија сè уште е крајно загрижувачко“, рече белгискиот министер за здравство Франк Вандербрук.

Слични содржини