Откриена причината за хеликоптерската несреќа – полициските хеликоптери не добиле дозвола, а Брајант полетал?

од Nikola Popovski

Полициската истрага е во тек, но според првичните информации што доаѓаат од САД, густата магла е причината за страшната хеликоптерска несреќа во која животот го загуби Коби Брајант.

„ТМЗ“ од свои извори дознале дека полициските хеликоптери на ЛАПД биле приземјени поради лошите временски услови и густата магла, но хеликоптерот со Коби и осумте труги патници меѓу кои и пилотот сепак полетале вчера рано наутро по американско време за да стигнат во „Мамба Академијата“ на бившиот кошаркар на ЛА Лејкерс.

Според информациите, хеликоптерот првпат „заглавил“ над зоолошката градина во ЛА, кога кружел повеќе од 15-на минути и најмалку шестпати летал на ниска височина поради непрегледноста од маглата причинета и од големата влажност, а сето тоа веројатно чекајќи да се тргне маглата и да продолжат кон дестинацијата.

„Во 9.40 часот маглата станала уште погуста, а пилотот свртел кон југ, што е клучно бидејќи го насочил хеликоптерот кон реон со планини. Тој го искачил леталото од 1.200 на 2.000 стапки височина, но само пет минути подоцна се удрил во планина, на височина од 1.700 стапки“, се вели во извештајот до кој дојдоа американските медиуми.

Слични содржини