Откриена трансферната цел бр.1 на Мурињо за летото

од Vladimir Zorba

Германскиот репрезентативец и фудбалер на Реал (Мадрид), Тони Крос е трансфер цел бр.1 на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо за летото, тврди „Индепендент“.

Уште минатиот петок Специјалниот откри пред медиумите дека сигурно ќе привлече нов играч во летото поради повлекувањето на Мајкл Карик, кој ќе се пензионира по крајот на сезоната.

Според британското издание, резервна варијанта на Германецот е халфот на Борусија (Дортмунд), Јулијан Вајгл, а скаутите на Јунајтед ги гледале и настапите на Жан Микаел Сери од Ница.

Слични содржини