Откриена уште една загрижувачка последица од короната

од Nikola Popovski

Во Израел е објавена загрижувачка студија за долгорочните ефекти на инфекцијата со коронавирус, која открила дека 45-годишните пациенти кои прележале Ковид-19 на физичките тестови се покажало како да имаат 80 години.

Во истражувањето, спроведено од израелскиот медицински центар „Бејлинсон“, учествувале 30 лица со просечна возраст од 45 години, објави „Тајмс оф Израел“.

Три месеци откако билеофицијално излекувани, од нив било побарано да извршат низа едноставни физички активности, во кои се покажале прилично лоши.

Една од задачите била пешачење шест минути и за тоа време поминале околу 450 метри, додека просекот за нивната возрасна група е околу 700 метри.

Нивниот учинок не бил подобар ни кога станало збор за клекнувања. Учесниците на студијата успеале да станат и да седат 14 пати за половина минута, пропуштајќи ја нормата за цели 16 клекнувања.

Истражувачите рекле дека резултатите на излечените од Ковид-19 се слични на нивоата на кондиција што обично се среќаваат кај луѓе на возраст од околу 80 години. Наодите на израелскиот тим потсетуваат на слично претходно истражување, кое исто така се покажало дека оние кои се опоравиле од коронавирус и по неколкумесечно закрепнување, покажале замор или мускулна слабост.

Слични содржини