Откриени детали за изградбата на руско-кинеската лунарна станица

од Stefanija Kuzmanovska

Создавањето на руско-кинеската научна станица на Месечината ќе се реализира во три фази до 2035 година, објави американскиот специјализиран портал „Спејс њуз“, осврнувајќи се на презентацијата прикажана на Кинескиот вселенски ден во Нанкинг.

Според презентацијата, првата фаза, која се планира да заврши до 2025 година, се состои од лансирање кон Месечината на руските станици за слетување „Луна 25“ (2021), „Луна 27“ (2025), орбиталните станици „Луна 26“ (2024), како и кинеските станици „Чанг’е 6“ и „Чанге 7“ (обете во 2024 година). Користејќи ги податоците од овие станици, ќе се одреди местото за изградба на Меѓународната лунарна научна станица (МНЛС) во областа на јужниот пол на Месечината.

Втората фаза е планирана за периодот од 2026 до 2030 година. Тоа ќе вклучува испраќање на руската станица „Луна 28“ (2027) и кинеската „Чанге 8“ (2028) до природниот сателит на Земјата.

Оваа фаза е важна бидејќи во неа ќе биде иницирана изградбата на Меѓународната научна лунарна станица.

Како што беше објавено на веб-страницата на порталот, третата фаза ќе се спроведува од 2030 до 2035 година.

Инаку, Меѓународната научна лунарна станица е комплекс на експериментално-истражувачки средства што се прават на површината и во орбитата на Месечината. Таа е наменета за разни и повеќенаменски научно-истражувачки дела, вклучувајќи истражување и користење на Месечината, набљудување на Месечината, фундаментални истражувачки експерименти и верификација на технологиите.

Слични содржини