Откриени деталите за напаѓачот во Германија: Со нож уби три и рани 15 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Попладнево се случи напад во центарот на германскиот град Вирцбург.

Според „Билд“, маж нападнал неколку лица со нож. Државниот секретар на Баварците, Герхард Ек (ЦСУ) рече дека три лица се убиени, а петнаесет ранети.

Напаѓачот бил застрелан во ногата. Полицијата на Твитер напиша дека напаѓачот е уапсен и дека нема индиции дека имало повеќе напаѓачи. Тие додадоа дека нема опасност за населението.

Како што наведе „Билд“, сторителот е 24-годишник од Сомалија, кој живеел во Вирцбург. Министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман, изјави дека сомалискиот државјанин живее во Вирцбург од 2015 година и дека полицијата знаела за него и порано. Според информациите на јавниот сервис БР, кој се повикува на полицијата, станува збор за ментално болно лице. Според медиумите, сторителот прво убил една жена со нож, а потоа и две лица кои дошле на помош. Потоа повредил уште 15 лица, од кои неколкумина потешко.

Тој бил запрен откако полицијата го застрелала од огнено оружје во нозете, по што бил совладан и однесен во полициската станица. Центарот на градот беше блокиран, а репортерот на ДПА извести дека на улиците има многу брза помош и полиција.

Засега не се знае ништо за мотивите на сторителот. Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман е на пат кон Вурцбург на северот на оваа сојузна држава.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како напаѓачот е вооружен со долг нож и минувачи кои се обидуваат да го спречат. Во обид да го запрат, тие користеле столови од кафулето. Напаѓачот побегнал пред дваесетина лица и во тој момент се појави полициско возило.

Пред пет години во близина на Вирцбург, еден млад Авганистанец нападна и повреди неколку лица со секира и нож во воз.

Слични содржини