Откриени две нови планети слични на Земјата

од desk2

Научниците соопштија дека открија две нови планети слични на Земјата во нашата галаксија. Новооткриените планети се толкуј многу слични на Земјата што веднаш го најдоа своето место меѓу 20-те кандидати за колонизација.

Двете планети кружат околу соседните ѕвезди со име Teegarden, оддалечени се 12.5 светлосни години и се наоѓаат во констелацијата Aries. Teegarden е џуџеста ѕвезда 10 пати посветла од нашето Сонце, стара е осум милијарди години, а откриена е уште од 2003-та година.

„Две планети се слични на планетите од нашиот Сончев систем. Тие се само малку потешки од Земјата и се наоѓаат во таканаречената ненаселена зона каде што водата може да биде присутна во течна форма.“.

Постојат 60 отсто шанси Teegarden b да може да ја загрева планетата така што тоа да одговара со развојот на живот, а тоа се температури од 0 до 50 степени. Просечната температура веројатно е 28 степени. Со оглед на масата и минималната изложеност на радијација, Teegarden b го добил најголемиот ESI (Earth Similaritys Index) индекс досега. Патот околу споменатите ѕвезди се поминува за период кој што е еднаков на 4.9 денови на Земјата.


Teegarden c со температурата е поблиска на Марс и таа веројатно изнесува минус 47 степени на површината. Егзопланетата се врти околу ѕвездите за период еднаков на 11.4 денови на Земјата.

Слични содржини