ОТКРИЕНА ИЗМАМА: Тајланд извезува милиони користени ракавици како нови

од Берта Китинска

Во текот на повеќемесечната истрага, откриено е дека десетици милиони користени, синтетички гумени ракавици од Тајланд пристигнале во САД како нови.

Аферата ја обелодени Си-Ен-Ен, а овој случај го презеле надлежните служби во САД и Тајланд, со цел да се спроведе темелна истрага.

Торби со ѓубре полни со користени медицински ракавици, голем број видливо извалкани и обоени со крв, беа расфрлани во магацин во предградието на Бангкок.

Тајландските власти велат дека работниците, главно бегалци, работеле со полна пареа за да направат старите, користени ракавици повторно да изгледаат како нови, кога тајландските здравствени власти извршиле рација во објектот.

Има уште многу такви компании во Тајланд кои се обидуваат да заработат пари на огромната побарувачка за медицински ракавици од почетокот на пандемијата.

Според властите, среде глобалниот недостиг во Тајланд, тие пакуваат милиони користени ракавици кои не исполнуваат никакви стандарди и ги извезуваат во САД, но и во други земји во светот.

Слични содржини