Откриени над 300 гранати кај стадионот во Битола

од Nikola Popovski

При градежни работи кај градскиот стадион во Битола, пронајден е поголем број на артилериски гранати од 75 милиметри кои датираат од Првата светска војна. За само нецели  два дена, приротехничарите открија околу триста гранати, е се претпоставува дека во наредните денови ќе бидат откриени преку илјада.

„Во текот на изминатите два дена, на ова место подигнавме околу триста гранати и неизвесно е натаму  колку ќе ги има,  во зависност колку положаи биле. По наши сознанија и според литературата, станува збор за напуштен артилериски положај, осносно кога војниците решиле да го напуштат теренот, го затрупале теренот со земја и сега при ископот се појавија“, рече Димче Јошевски, подрачен раководител на Дирекцијата за заштита и спасување.

Акцијата за расчистување на овој опасен терен од останатите артилериски гранати ќе продолжи и во наредните денови.

„Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, истите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка“, наведено е во билтенот на МВР.

Слични содржини