Откриени нови детали за убиството на сведокот на Специјалниот суд во Хаг

од Nikola Popovski

Фадил Суљeвичи,  чие тело беше пронајдено денес во близина на езерото Бадовац кај Приштина, порано командувал со нелегален затвор во близина на Матичан, каде биле киднапирани и чувани Срби. 

Како наведува „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот со сведоци на Специјалното обвинителство во Хаг.

Суљевичи е по потекло од Медвеѓа и како што еднаш изјави Здружението на киднапирани и исчезнати лица од Косово и Метохија, тој командувал со нелегален затвор во близина на Матичан, во кој имало околу 300 приведени Срби, јави Танјуг.

Србија еднаш издаде потерница за него преку Интерпол, објави „Косово онлајн“.

Косовската полиција објави дека денес добиле дојава дека телото на непознат маж, кој подоцна бил идентификуван како Фадил Суљевичи, го нашле на патот што води кон езерото Бадовац.

„Полицијата веднаш излезе на местото на настанот, контактираше со членовите на семејството на тоа лице и ги повика државниот обвинител и екипите за итна медицинска помош“, изјави портпаролот на косовската полиција, Бајрам Красниќи.

Слични содржини