ОТКРИЕНИ НОВИ СИМПТОМИ НА КОРОНА: Најверојатно се поврзани со индискиот вид

од Stefanija Kuzmanovska

Индија во моментов е најпогодена од коронавирусот, а лекарите од Бенгалуру (Карнатака, Индија) веруваат дека откриле неколку нови симптоми на инфекцијата, кои најверојатно се поврзани со индискиот вид на вирусот.

Најчестите симптоми на корона се постојана кашлица, висока телесна температура и губење на чувството за вкус и мирис. Некои заразени лица исто така доживуваат замор, главоболки и дијареја, но овие симптоми беа препознаени подоцна во пандемијата.

Лекарите од Бенгалуру сега веруваат дека екстремно сувата уста може да биде нов симптом на инфекцијата. Исто така, иритација, чешање или чудно чувство на јазикот, како и чиреви во устата, се јавуваат нешто поретко, но тие исто така можат да бидат знак на инфекција.

Д-р Сатур лекувал маж (55) кој имал чувство на екстремна сувост во устата и конјунктивитис кога бил примен во болницата.

„Прочитав дека конјунктивитисот може да биде еден од симптомите на ковид. Иако немал треска, тој рече дека се чувствува уморен“, рече лекарот и додаде дека мажот подоцна добил позитивен тест за корона.

Д-р Сатур ги советуваше сите кои ќе почувствуваат какви било симптоми поврзани со устата и јазикот, како и општ замор, чувство на слабост, да бидат испитани за ковид-19.

Тој верува дека е можно новите симптоми да се појавиле поради мутации, а исто така им порачува на лекарите да не „игнорираат какви било промени на јазикот“.

Патем, нешто слично на тоа, британските лекари претходно го опишаа како „ковид јазик“.

„Симптомите во устата се поврзани со ковид-19 веќе некое време“, потврди епидемиологот за јавно здравство, д-р Гарбиел Скали.

Слични содржини