Откриено каде Хитлер сокрил 28 тони злато од Црвената армија?

од Stefanija Kuzmanovska

Десетици тони нацистичко злато би можеле да бидат скриени под средновековниот полски замок.

Станува збор за 28 тони злато, кои веројатно се скриени на територијата на замокот Хохберг во Вроцлав. Наведено е дека тука би можеле да бидат сокриени и скапоцените вредности на богатите Полјаци, кои морале да ги предадат на единиците на СС на Хитлер заради напредокот на Црвената армија во 1945 година.

Експертите веруваат дека наидоа на информации за тајно место со скапоцености со проучување на дневникот на службеник од СС. Дневникот го напишал Егон Оленхауер, кому Хитлер му наредил да го скрие нацистичкото богатство.

Се верува дека службеникот на Третиот рајх сокрил 260 камиони со разни скапоцености.  Во неговиот дневник се зборува за 11 места на кои може да биде сокриено богатството.

Ако претпоставките на истражувачите се вистинити, во Полска би можеле да бидат закопани скапоцените во вредност до 1,25 милијарди фунти (околу 1,3 милијарди евра). Сепак, научниците сè уште не добиле дозвола за ископување на скривалиштето, што го отежнува планирањето, пишува „Дејли мејл“, а пренесува „Спутник“.

Слични содржини