Откриено како водителката го изгуби животот: Оставила трогателна проштална порака

Водителката Керолин Флек изврши самоубиство во својот стан во Лондон, а нејзината смрт ја запрепасти јавноста.

Керолин работела на бројни телевизиски проекти во Британија, од нив најпознато е реалното шоу Love Island.

Флек на крајот од 2019 година добила отказ бидејќи наводно го истепала своето момче Луис Бартон и на дента на смртта дознала дека ќе биде кривично гонета поради тоа.

Вчера беа објавени резултатите од обдукцијата и се дознало дека водителката била пронајдена обесена.

Мајката на водителката, Крис Флек, истиот ден објавила Инстаграм објава која Керолин ја подготвила на својот телефон, но не ја објавила.

„Веќе некое време ми е тешко. Ниту семејството, ниту јас не можеме да го издржеме ова. За само 24 часа, целиот свет ми се лизна под нозете. Сите ѕидови кои со години ги градев беа срушени.

Ја изгубив работата. Куќата. Моќта да зборувам. Вистината ми е тргната од раце и искористена за забава на публиката. Јас не можам секој ден да се кријам и да слушам како ми бранат да зборувам. Прифатив, со својата работа, сите токсични мислења за себе и срамот, се ставав под тепих. Но, еден ден, некој ќе го погледне тој тепих. Не мислам сега за тоа како да ја вратам кариерата. Мислам само на тоа како јас и моето семејство ќе ги вратиме своите животи.

Ја преземам одговорноста за она што се случи, но тоа беше несреќа. Јас не сум насилничка“, напишала Керолин, но потоа луѓето околу неа ја убедиле да не го објавува тоа.

Водителката се убила само неколку часа откако дознала дека власта сепак кривично ќе ја гони, иако нејзиното момче ги замолил тоа да не го прават.

Слични содржини