Откриено кој актер ќе го игра Аца Лукас во „Кафана на Балканот“

од Stefanija Kuzmanovska

Избран е главниот протагонист за филмот и серијата „Кафана на Балканот“ (Kafana na Balkanu).

Пред неколку месеци беше најавен игран филм и телевизиска серија за животот на еден од српските најпопуларни пејачи, Аца Лукас, а сега се знае кој ќе биде главниот актер.

Откако Марко Јанкетиќ мораше да се откаже од оваа улога поради претходно прифатените проекти кои ќе се снимаат во исто време, продукцијата избра млад актер кој се здоби со популарност во серијата „Јужен ветер“.

Според порталот „Хајптв.рс“, Лукас ќе го игра Младен Совиљ. Како што се наведува, тој е избран поради неговиот талент, но и поради претходната одлична соработка со продукцијата и со менаџерот на Лукас, Саша Мирковиќ.

„Ова не е серија за мене, ова е серија за едно време, ера, за деведесетите, можеби сум носталгичен кога станува збор за тие деведесетти. Тие не се такви какви што се претставени“, изјави Лукас претходно за овој проект.

Слични содржини