Откриено што пишува во говорот што кралицата го подготвила за Третата светска војна

од Nikola Popovski

Кралицата Елизабета Втора има подготвено голем број говори за големи настани, меѓу кои е и оној што ќе го одржи доколку дојде до Трета светска војна.

Оваа верзија на говорот е напишана во 1983 година за време на Студената војна, а на јавноста ѝ стана достапна во 2013 година, кога ја објави Националниот архив на Велика Британија.

Одредени делови од говорот се застарени, но се верува дека неговата суштина ќе се искористи доколку избие нова војна.

Како што вели на почетокот на својот говор, никогаш не ја заборавила тагата што ја почувствувала на кобниот ден во 1939 година, слушајќи го нејзиниот татко како вели дека Втората светска војна започнала.

„Не знаев дека еден ден ќе морам да го кажам истото. Сепак, какви и да не чекаат ужаси, сè што ни помогна двапати да ја зачуваме слободата во текот на овој век, ќе ни помогне да преживееме повторно“, напишала Елизабет.

Таа додала дека на сите треба да им биде јасно дека непријателот не е војник со пушка, ниту авијатичар што лета над нашите градови и села, туку ја злоупотребува технологијата, која има смртоносна моќ.

„Значи, мојата порака до вас е едноставна. Помогнете им на оние кои не можат, утешете ги осамените и бездомниците. Нека вашето семејство им даде надеж на оние на кои им треба. Додека заедно се бориме против злото, да се молиме за нашата земја и луѓето со добра волја, каде Господ да ве благослови“, потенцирала Елизабет.

Слични содржини