Откриено зошто актерката Сандра О присуствуваше на погребот на кралицата (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката позната како Сандра О ги изненади обожавателите кога се појави на погребот на кралицата Елизабета Втора.

Сандра е најпозната по улогата на Криситна Јанг во серијата „Вовед во анатомија“.

Сепак, таа беше на погребот не само затоа што е позната, туку затоа што беше прогласена за Офицер на редот на Канада во јуни оваа година, втора највисока цивилна чест во земјата.

Имено, титулата кралицата ја осмислила во далечната 1967 година, а била создадена во чест на луѓето кои имале „вонредни достигнувања, служеле на нацијата и биле посветени на заедницата“.

Канадско-корејската актерка присуствуваше на испраќањето како дел од канадската делегација предводена од премиерот Џастин Трудо и неговата сопруга Софи Грегори Трудо.

Обожавателите на актерката го изразија своето изненадување на социјалните мрежи што ја видоа актерката на погребот.

Актерката беше една од 2.000 луѓе, вклучувајќи светски лидери, членови на кралското семејство и познати личности, кои се собраа за да ѝ оддадат почит на кралицата во Вестминстерската опатија.

Слични содржини