Почетна / Магазин / Откријте зошто зимата е добра за вашето здравје

Откријте зошто зимата е добра за вашето здравје

Вистина е дека во зима има повеќе вируси и зарази, делумно и поради тоа што повеќе време поминуваме во затворен простор, но зимата не мора лошо да влијае на вашето здравје. Напротив, еве неколку причини зошто ладното е добро за здравјето.

Се согоруваат повеќе масти

За да ослебете во зима, веројатно доволно е повеќе да шетате кога надвор е ладно. Причината е тоа што телото мора понапорно да работи за да ја одржи температурата, а со тоа согорува повеќе калории.

Подобар сон

Телесната темоература се менува за време на денот, но кога се доближува времето за спиење, таа се намалува за телото да се припреми за сон. Експертите велат дека идеалната собна температура за спиење е 18 степени, што секако полесно може да се постигне во зима отколку во лето.

Појасно размислување

Во истражување спроведено на Универзитетот во Вирџинија, волонтерите тербало да изберат меѓу два мобилни телефони – еден изгледал попривлечно на прв поглед, но со проучување на деталите би се утврдило дека другиот е значително поскап.

Волонтерите биле ставени во две одвоени простории, во една било топло, а во другата ладно. Резултатите покажале дека повеќе од 50% од волонтерите од ладната соба ги проучиле деталите што биле напишани со ситни букви и ја одбрале подобрата опција. Од другата страна, истото го направиле само 25% од учесниците од топлата соба.

Научниците сметаат дека мозокот подобро функционира на ладно бидејќи на топлина му е потребно повеќе глукоза за да ја спушти температурата, а тоа негативно влијае на размислувањето.

Луѓето се посреќни

Јужнокорејско истражување покажало дека зимските спортови позитивно влијаат на менталната состојба. ИСпитувајќи 280 луѓе, научниците утврдиле дека скијањето ги правело учесниците по среќни и по задоволни. Освен тоа, се испоставило дека, луѓето што повеќе скијаат, тоа помалку се грижат за проблемите кои ги имаат.

Помалку акни

Некои луѓе кои и обично имаат проблеми со акните на кожата, велат дека состојбата им се подобрува во лето, додека пак во зима, станува полошо. Меѓутоа, истражувањата тоа го ставаат под знак прашалник.

Една студија спроведена во 2002 година, испитувала 425 луѓе кои имаат проблеми со акни, а 56% пријавиле дека проблемот им се влошува за време на летните денови, додека само кај 11% од нив, состојбата се влошувала во зима.

Помали шанси за предвремено раѓање

Една студија спроведена во Кина покажала дека кога температурата ќе помине над 32 степени целзјусови, шансите да дојде до предвремен пораѓај се дупло поголеми. Од друга страна, кога температурите ќе паднат на два степени под нулата, ризикот од предвремено раѓање е двојно помал.

Помалку уринарни инфекции

Инфекциите на уринарниот тракт се многу чести, повеќето кај жените. Но, некои студии покажуваат дека поретко се појавуваат кога надвор е ладно.

Во студија од 2017 година на Универзитетот во Ајова, учествувале и мажи и жени,а докажано е дека 15% повеќе случаи на уринарни инфекции има кога надвор температурата е над 27 степени, споредено со она кога температурата е околу четири степени над нулата.

Научниците сметаат дека ризикот од уринарни инфекции во зима е помал бидејќи има помал ризик од дехидрација, а тоа е еден од главните фактори на ризик за оваа инфекција.

loading...