„ОТПОРНИ НА КОРОНА“: Научници утврдија зошто некој ПРИРОДНО подобро се бори со вирусот

од Vladimir Zorba

Утврдено е дека една третина од луѓето во Европа можат полесно да се борат со инфекцијата со коронавирус.

Идентификуван е ген кој ја намалува сериозноста на болеста поради инфекција со Ковид, а научниците велат дека ќе помогне да се направат нови лекови за лекување на заразени со вирусот, кој ја држи планетата во грч веќе две години.

Научници од Шведска утврдија дека станува збор за ген кој му „му кажува“ на телото да произведе протеин кој е ефикасен за уништување на честичките од вирусот САРС-КоВ-2, пренесуваат медиумите. Протеинот OAS-1 варира во должина, а кога е подолг, подобро успева да ги уништи честичките на вирусот. Генот кој ја одредува неговата должина се наоѓа во различен процент кај луѓе со различно потекло.

Истражувачите од Каролинска институтот во Шведска наведуваат дека овој ген, кој ја намалува сериозноста на клиничката слика за 20%, го имаат осум од десет луѓе со африканско потекло и секој трет човек со европско потекло.

„Разбирањето како генетските фактори на ризик влијаат на болеста ќе биде клучно за откривање и производство на нови лекови“, вели д-р Брент Ричардс од Универзитетот Мекгил, еден од коавторите на студијата.

Слични содржини