Отсуството на обвинетиот Владимир Талески го одложи судењето за „Транспортер“

од Берта Китинска

Судското рочиште за „Транспортер“ се одложува за 4 март поради отсуство на обвинетиот Владимир Талески, кој за тоа доставил медицинска документација.

Судијката Добрила Кацарака, рече дека нема да прифати одложување на рочишта со секоја доставена медицинска документација и го извести бранителот дека ќе побара проверка и доколку обвинетиот можел да присуствува ќе побара итно стражарско приведување.

Случајот се наоѓа во завршна фаза, со давање на завршни зборови.

Во „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Слични содржини