Отворање на изложбата со Златниот човек од Казахстан

од desk4

Во Археолошкиот музеј вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Великата степа: историја и култура“ од Националниот музеј на Казахстан, на која главен експонат е Златниот човек од 5 век п.н.е. познат како „казахстански Тутанкамон“.

Научниците го идентификувале како 18-годишен воин од скитското племе Сака. Бил откриен од археолозите во 1969 година во гробница на локалитетот Исик, 50 километри источно од градот Алмати.

Покрај златниот воин, изложбата ќе претстави речиси 200 други вредни археолошки наоди, меѓу кои и сребрената чаша од Исик со сè уште недешифриран натпис, значајна зашто сведочи дека писменост во Великата степа во централна Азија постоела и пред три илјади години.

Скопје е деветтиот град каде што гостува ексклузивната изложба од Казахстан. Досега ги има посетено Минск, Москва, Баку, Сиан, Гдањск, Сеул, Казан и Ташкент. Во Археолошкиот музеј ќе остане до средината на август, а влезот за посетителите е бесплатен. 

Слични содржини