Отворен оган врз агенти на ФБИ во акција против осомничен педофил, има и жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Еден агент на ФБИ е убиен, а уште најмалку четворица се ранети во Санрајс, Флорида, објавија локалните медиуми. Агентите се обиделе да му достават налог на осомничен за детска порнографија кога тој отворил оган.

Полицијата апелираше до жителите на Ноб Хил да останат во своите домови. Полициски службеници за „Мајами Хералд“ изјавија дека најмалку петмина агенти биле застрелани додека се обидувале да дојдат до осомничениот.

Наведено е дека еден агент бил убиен, додека други двајца биле тешко ранети, но дека постои можност уште еден да им подлегнал на повредите.

ФБИ официјално не ги потврди овие наводи.

Некои медиуми пренесоа дека осомничениот се самоубил.

Слични содржини