Отворен повик за третото издание на Фестивалот на светлината „Skopje Light Art District 2020“

од Aleksandar Todeski

Започна отворениот повик за третото издание на Фестивалот на светлината „Skopje Light Art District 2020“ во организација на ЈУ Универзална Сала – Скопје, а финансиски поддржан од Град Скопје.

Целта на третото издание на „SkLAD“ е преку различни светлосни инсталации и перформанси, од 27-ми до 31-ви мај, SkLAD 2020 да испрати порака за еколошко одговорни пораки и свест, за помош во зашитата на животната средина и одржувањето на нејзините природни ресурси, со што ќе се потенцираат вредностите кои претставуваат живописен, нераскинлив и повеќе од потребен дел во нашиот град.

Фестивалот на светлината „Skopje Light Art District 2020“ претставува уште една атракција во главниот град, фокусирајќи се на креативната енергија за поврзување на историјата, симоболот на градот – стариот Камен мост со убавините на Градскиот парк. Градскиот парк во Скопје, белите дробови на нашиот град, не се само зелена и мирна оаза, туку и уникатно место за уживање за кое треба да се грижиме и на кое треба да бидеме горди.

Отворениот јавен повик трае до 1.3.2020, а право на учество имаат сите заинтересирани автори кои креираат во сферата на светлосната уметност, светлосните инсталации, видео арт технологијата, или пак го користат светлото како главен израз на визуелно и уметничко изразување.

За дополнителни информации околу начинот и условите за аплицирање заинтересираните уметници можат да го посетат веб сајтот на фестивалот: https://www.skopjelightartdistrict.com/mk-call-2020.

Skopje Light Art District е основан во 2018-тата година, со цел да се создаде нов културно-општествен настан, кој својот фокус го има на светлосната уметност и светлината како медиум.

Слични содржини