Отворена истрага против негувателка заради малтретирање дете

од Vladimir Zorba

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против едно лице за кривично дело – запуштање и малтретирање на дете од чл.201 ст.1 од Кривичниот законик.

-Осомничената на 21 ноември, во игротека во еден угостителски објект, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка. Притоа таа повеќепати го удрила детето кое се здобило со телесни повреди. За ова кривично дело е предвидена казна затвор од една до десет години, соопшти попладнево Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за определување мерка притвор за осомничената.

Слични содржини