Отворена телефонска линија за информации за несреќата во Бугарија

од Берта Китинска

Министерството за надворешни работи формираше кризен штаб во врска со автобуската несреќа што се случи во Бугарија во којашто загинаа најмалку 45 лица.

– Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во која многу наши државјани ги изгубија своите животи, министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во министерството веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата, наведува МНР.

Oттаму додаваат дека двајца  вработени во МНР се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.

– За оваа цел, Министерството за надворешни работи отвори специјална телефонска линија на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе можат да се обратат за дополнителен совет на телефонскиот број 075 273 732, информираат од МНР.

Слични содржини