Отворени дополнителни линии за психолошка поддршка за родители и деца

од Берта Китинска

Од огромно значење е сериозно да ги сфатиме нашата и благосостојбата и менталното здравје на нашите деца и да побараме поддршка, вели во својата Фејсбук објава министерот Венко Филипче.

– Од огромно значење е сериозно да ги сфатиме нашата и благосостојбата и менталното здравје на нашите деца и да побараме поддршка. Во соработка со УНИЦЕФ и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија отворени се дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст, наведе министерот.

Линија за психолошка поддршка за тинејџери и нивните родители – 078/378-729, линија за родители на деца со попреченост – 070/291-574, што функционира од 9:00 до 16:00 часот секој работен ден, и телефонска линија за деца на училишна возраст, родители на деца и предучилишна и училишна возраст – 072/912-676, што работи секој работен ден од 9:00 до 19:00 часот.

Слични содржини