Отворени три истраги за наводни воени злосторства во Украина извршени врз француски државјани

од Vladimir Zorba

Францускиот обвинител за борба против тероризмот започна три истраги за наводни воени злосторства во Украина извршени врз француски државјани.

Се истражуваат сомневањата за воени злосторства извршени во градовите Мариупол, Гостомел и Чернихив помеѓу 24-ти февруари и 16-ти март.

Обвинителите претходно отворија истрага за смртта на снимателот Пјер Закржевски од „Фокс њуз“, кој загина во близина на Киев како воен дописник.

Слични содржини