Отворено првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца во социјален ризик

од Vladimir Zorba

Здружението „Проект Среќа“, месецот на детето – ноември, го започна со долгоочекуваниот проект – Прво бесплатно училиште за музика, уметности и вештини „Гитари Дирки и Свирки“.

Целта е да се создадат што повеќе услуги, со кои значително ќе се подобри квалитетот на живеење за децата со помалку можности (во кои спаѓаат сите категории „социјален ризик“), но и да им се дадат услови за подобра едукација, неформално образование и пристап до културни ативности, вештини, и се она кое нив ќе ги направи во иднина конкурентен и квалитетен дел од ова општество.

Во новите интеркативни простории на здружението ќе се одржуваат и часовите по драма на детското драмско студио „Неверленд“ за деца со помалку можности, но и останати активности за децата.

Пријавувањето на дечињата е во тек, уписите се отворени за деца од 6 до 14 години, а предност имаат оние кои се во најтешка категорија социјален ризик.

Слични содржини