Ова е најздравата храна која можете да ја изедете од конзерва

од Stefanija Kuzmanovska

Конзервирањето ја одржува храната свежа и за јадење, особено храната која е склона кон развој на различни патогени, а во процесот на конзервирање храната поминува низ процес на стерилизација.

„За жал, резултатот е значително губење на хранливи материи, но штом се конзервира овошјето или зеленчукот, можат да останат така со години, безбедни од опасните микроорганизми“, објаснува нутриционистот др. Џес Кординг и открива која е најздравата конзервирана храна според експертите.

Тоа секако се, вели, сардини во конзерва, но и други конзервирани риби кои се достапен извор на протеини, но и одржливи и не бараат долга подготовка или варење. Додавањето на конзервирана риба во вашата исхрана има бројни здравствени придобивки.

„Конзервираните сардини имаат тенденција да имаат пониска содржина на жива од многу други видови риби и се сметаат за еден од најдобрите избори на морска храна, особено ако свежата не е достапна“, рече Кординг.

Со нив, додава таа, консумираме голема количина на протеини, витамин Д и антиинфламаторни омега-3 масни киселини, а маслиновото масло обезбедува мононезаситени масти здрави за срцето, објаснува таа.

Здравствените упатства препорачуваат две до три порции риба со ниска жива неделно, а Кординг препорачува да се меша со тестенини, сирење или крекери за ужина.

Слични содржини