Ова е причината зошто кралицата Елизабета носи дречливи костими

од Stefanija Kuzmanovska

Овој април, кралицата Елизабета ќе го прослави својот 94 роденден и 66 години откако седна на тронот на Велика Британија.

Многу долго време, еден од нејзините заштитени знаци се костими со дречливи, впечатливи бои.

Кралицата всушност има многу добра причина зошто се облекува вака.

Имено, таа сака да биде препознатлива во толпата во секое време и секој нејзин поданик да може лесно да ја види без разлика колку е далеку од неа.

Ова звучи прилично егоцентрично, но всушност има многу емотивна приказна зад сето тоа. Имено, при преземањето на власта, тогаш многу младата Елизабета се заколнала дека ќе им служи на луѓето, а упатените велат дека таа улога ја сфатила многу сериозно и дека ѝ се придржува до денес.

Носејќи лесно видливи костими, кралицата симболично им кажува на сите поданици во нејзината земја дека е тука за нив и дека можат да ја видат.

„Мора да ме видат за да веруваат во мене“, изјавила Елизабета како девојка.

Слични содржини