„ОВА Е САМО ПОЧЕТОК“: Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот врз авганистанскиот министер за одбрана

од Stefanija Kuzmanovska

Движењето „Талибан“ ја презеде одговорноста за нападот врз куќата на авганистанскиот министер за одбрана генерал Бизмилах Кан Мохамади во Кабул, пренесува „Толо њуз“.

Талибанците порачале дека ова е само почеток.

„Тој самоубиствен напад беше само почеток на контранападот против клучните фигури и водачи на администрацијата“, напиша портпаролот на Талибанците, Забиул Муџахед на Твитер.

Како што објави телевизијата „Толо њуз“, осум лица загинаа, а 20 се повредени за време на нападот врз куќата на министерот.

Претходно, очевидец и извор од полицијата во Кабул изјавија дека автомобил бил разнесен во близина на куќата на министерот за одбрана на Авганистан во Кабул, по што неколку вооружени лица упаднале во куќата. Мохамади рече дека ниту тој ниту неговото семејство не се повредени.

Слични содржини