„Ова е вашето место“: Стокомак ги означи подовите со предвидено растојание за заштита од коронавирусот

од Берта Китинска

Маркетите и препораките од Владата за заштита од ширењето на коронавирусот во земјава почнаа да применуваат.

Па така од скопскиот маркет Стокомак вчера објавија дека внимателно ја следат ситуацијата со  коронавирусот и ги применуваат мерките едната од нив е одлаченоста помеѓу луѓето од 1,5 метар. „Ова е вашето место. Јавното здравје од нас зависи“ пишува на налепниците.

„Здравјето и безбедноста на нашите клиенти и на нашите вработени е главна цел во овие периоди.Во нашите продавници за оваа цел, ние веќе имплементиравме засилени превентивни мерки со цел одржување на нашите продавници и објекти чисти и здрави за вас и нашите вработени. Продавниците се чистат секој ден, со користење на раствори за дезинфекција сертифицирани за употреба со цел зголемување на превенцијата и заштита од Covid-19. Ние го зголемивме нашиот фокус на чистење и дезинфекција на клучните и критични точки(како пулктот за наплата, корпите, количките, влезните врати…итн.)Од денес дополнително започнавме да ги означуваме нашите подови со предвидено место во растојание за заштита на безбедноста и здравјето на нашите клиенти и нашите вработени…Ве молиме да ги почитувате мерките кои се препорачуваат и да имате разбирање за мерките кои ние како компанија ги имплементираме со една единствена цел, заштита на здравјето на сите нас!, пишува во соопштението на маркетот.

Слични содржини