Ова е жената која го хранела Роналдо кога тој немал ништо

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо минатата година гостуваше во емисијата „Добро утро Велика Британија“. Португалската sвезда потсети на еден интересен детал од својата младост во едно големо интервју.

– Имав 12 години и немав пари. Играв и живеев со врсници од други делови на Португалија. Беше многу тешко за мене без семејството. Се сеќавам дека имаше Мекдоналдс каде добивавме остатоци од хамбургери кои не беа продадени. Во неа работеше една жена, по име Една, и имаше уште две девојчиња. Би сакал да ги најдам, се надевам дека луѓето ќе ми помогнат – изјави Кристијано Роналдо.

Тој ја сподели својата желба со обожавателите на социјалните мрежи и започна потрагата по жени кои му давале храна во детските денови. И одговори една жена. Пола Лека е една од нив која им донела плескавици на Роналдо и на другите момчиња. Таа се надева дека ќе биде поканет на вечера.

– Момчињата доаѓаа пред ресторанот и кога ќе останеа неколку плескавици, нашиот менаџер ни даваше дозвола да им ги дадеме. Еден од нив беше Кристијано Роналдо, најплашлив меѓу нив. Доаѓаа скоро секоја вечер – открила Пола за „Радио Ренесанса“.

Кристијано Роналдо играше за младинскиот тим на Спортинг на почетокот на 2000 година. Тој пристигна во Лисабон од Мадеира и живееше без неговите родители и во тешки услови. Немаше пари за храна. Тоа беше тежок период во неговиот живот, што го призна неколку пати.

– Сè уште се смеам за сето тоа. Му реков на мојот син кој не ми веруваше во почетокот затоа што му беше тешко да замисли дека сум му давала плескавици на Роналдо. Мојот сопруг знаеше за тоа затоа што неколку пати дојде да ме земе на работа, а Кристијано беше таму – додаде Пола Лека и потврди дека ќе ја прифати поканата на Роналдо на вечера.

Во интервју за „Радио Ренесанса“, Пола рече дека повеќе не е во контакт со другите жени кои давале храна и не знае каде живеат денес.

Кристијано Роналдо разговараше со Пирс Морган за сè, а особено трогателен беше моментот кога ја виде снимката од интервјуто со неговиот татко, кој почина во 2005 година.

Напаѓачот на Јувентус заплаче во тој момент. Неговиот татко рече дека е многу горд на она што Кристијано го постигна до неговиот 20-ти роденден.

– Не можам да кажам дека го познавав татко ми сто проценти, ми беше тешко да направам нормален разговор. Првпат го гледам тоа интервју. Мислев дека ќе биде нешто смешно, не очекував да плачам. Мора да ми го дадете ова видео за да му го покажам на моето семејство – рече Кристијано Роналдо.

Слични содржини