„Ова го објавува некој друг“: Фановите се загрижени поради топлес ВИДЕОТО на Бритни

од Nikola Popovski

Бритни Спирс предизвика загриженост кај нејзините фанови откако објави уште едно видео на својот профил на Инстаграм каде позира во топлес издание.

Пејачката објави видео во кое ги држи голите гради со рацете додека ја зафрла главата назад. Облечена е само во кратки шорцеви, а ноктите на рацете и се видливо неуредни.

Таа во описот стави само три емотикони на бакнежи, а нејзиниот пост видно ги загрижи фановите.

„Дали сум јас единствениот загрижен за ова?“, „Нешто сериозно не е во ред овде“, „Што се случува?“, напишаа загрижените обожаватели.

Некои изразија сомневање дека Бритни не ги објавува тие видеа, туку дека некој го прави тоа за неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

„Имам чувство дека некој друг го објавува ова“, напишала една девојка.

Ова е трета полугола објава што пејачката ја направи во последната недела, а судејќи по облеката и местото каде што е снимено, сите тие биле направени во ист ден.

Слични содржини