Ова ќе биде една од најсериозните кризи кои сме ги имале, вели Спасовски

од Vladimir Zorba

Уредбите за помош на граѓаните кои работат во малопродажбата и занаетчиите ќе бидат донесени утре, изјави вечерва премиерот Оливер Спасовски, посочувајќи дека токму овие мерки помагаат на малите компании, да се сочуваат работните места и да продолжат да функционираат овие компании.

-Уредбите за помош на граѓаните кои работат како фризери, автомеханичари, малопродажба, ќе бидат донесени утре со цел да можат да аплицираат и тие, рече Спасовски.

Преку секојдневната комуникација со банкарскиот сектор и Народната банка, премиерот рече дека е донесено заедничко решение секоја од банките да ги одложи плаќањата на кредитите на физичките и правните лица и оти за една држава многу е важна ликвидноста на банките.

-Кај нас банкарскиот сектор е здрав и затоа и можеме да се потпреме на него, рече Спасовски.

Премиерот потврди дека ние мора да обезбедиме дополнителни пари за во Буџетот, појаснувајќи дека дека имавме ликвиден буџет и дека во јануари и февруари, дали можеше да го предвиди ова некој

– Не можеше да се предвиди дека ваквата здравствена криза ќе добие такви размери на пандемија и кога тоа се случува нормално е дека ќе има ефекти и на буџетските средства и на финансиите. Врза основа на тоа што се преземаат низа на рестриктивни мерки во државата, се со цел да имаме заштита во најголем дел од ширењето на вирусот, тоа предизвикува штети на стопанството и на економијата. Предизвикувањето на тие штети е поврзано и со приходите во Буџетот. Токму поради тоа сега укажуваме врз основа на проекциите кои се прават во Министерството за финансии колкав е падот на приходите за овие неколку – две недели во март, колкав би бил падот на приходите во мај, како ќе се движат приходите во третиот, четвртиот квартал, колку би било тоа на ниво на годината, укажува фактот дека ние имаме потреба од обезбедување на дополнителни финансиски средства. И токму поради тоа укажувам често дека ова ќе биде една од најсериозните
кризи кои сме ги имале, покрај здравствената криза, изјави премиерот.

Премиерот смета дека ќе ги добиеме овие финансиски средства, но предупредува дека криза има секаде.

Укажа на помошта што како брза реакција ја добивме од ЕУ во висина од 68 милиони евра, што се пари за директна буџетска поддршка и за поддршка за потребите во здравството.

Слични содржини