Актуелно
Почетна / Спорт / Ова ќе биде мојот најважен натпревар откако го водам Челзи, рече Лампард пред пресметката со Лил

Ова ќе биде мојот најважен натпревар откако го водам Челзи, рече Лампард пред пресметката со Лил

Челзи ќе се обиде да ја оствари својата прва домашна победа во Лигата на шампионите оваа сезона и да се квалификува во елиминациската фаза, изјави менаџерот на Лондон, Френк Лампард.

Челзи е на третото место во групата „Х“ со 8 бода, колку што има и Валенсија на второто место и на два зад лидерот Ајакс. Екипата на Лампард ќе се квалификува во полуфиналето ако го совладаат Лил утре или со реми, доколку Ајакс ја победи Валенсија.

– Ова ќе биде мојот најважен натпревар откако го водам Челзи. Свесен сум дека не играме добро на домашен терен, но пласман за следната фаза би билo добро достигнување. Овој натпревар ќе биде тест за сите нас, изјави Лампард..

Челзи нема да може да се потпира на напаѓачот Оливие Жиру и на дефанзивецот Фикајо Томори. Во групата по повредата се враќа дефанзивецот Антонио Рудигер, кој има само 45 минути игра оваа сезона.

loading...