Ова место е прогласено за најубаво село на светот, а се наоѓа на западот на Србија (ФОТО)

од Milan1

Денеска на седницата на Генералното собрание на Светската туристичка организација на Обединетите нации во Мадрид (UNWTO), Мокра Гора е прогласена за најдобро туристичко село во светот.

Мокра Гора беше избрана меѓу повеќе од 170 апликации од 75 земји во светот, што е јасна демонстрација на нејзините исклучителни вредности.

– Ова светски признато признание ќе придонесе туризмот да стане двигател на руралниот развој и просперитет, преку подобрување на улогата на туризмот во вреднувањето и зачувувањето на руралната заедница во Мокра Гора заедно со зачувувањето на природните, културните вредности и различностите. Изборот за најдобро туристичко село во светот е врвен успех на селото Мокра Гора, на Туристичката организација на Ужице, на градот Ужице и на Република Србија – велат од Туристичката организација на Ужице.

Мокра Гора е една од најпопуларните туристички дестинации, сместена на крајниот запад од западна Србија, опкружена со планините Златибор и Тара. Живописната планина вo корона годината ги сруши сите рекорди на посетеност, а содржините кои ги привлекуваат посетителите на овој крај се бројни. Туристичкото одморалиште Дрвенград на Мокра Гора го одзема здивот на самиот влез, возбудливо е да се шета по улиците на Меќавник во секое време од годината бидејќи нуди бројни содржини за незаборавен одмор, работен престој и еднодневна посета, пишува Блиц.

Слични содржини